Топлотен бран
Од денеска државата во портокалова фаза, владата со препораки
12.07.2024 08:57
Од денеска до средината на следната недела повеќе места во државата ќе бидат во портокалова фаза од опасност од високи температури ...

Од денеска до средината на следната недела повеќе места во државата ќе бидат во портокалова фаза од опасност од високи температури. Според препораките што Владата вчера ги усвои на онлајн седница, од работа треба да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години.
На работодавците им се препорачува да ги реорганизираат работните активности за да се избегне вршење на градежни и други физички активности на отворено во период од 11 до 17 часот, а на детските градинки да не организираат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
