Повеќе скопски улици денеска без вода
Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф 80 мм на ул. Гаврил Константиновиќ бб, неколку улици ќе останат без вода...

Од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје известуваат дека денеска поради уличен дефект од ф 80 мм на ул. Гаврил Константиновиќ бб, без вода ќе останат корисниците од ул. Гаврил Константиновиќ, ул. Кун, дел од ул. Сотир Томовски, ул. Благоја Мучето, ул. Митре Влаот, ул. Ернест Телман. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:00 до завршување на интервенцијата.
Исто така, поради уличен дефект од 5/4 на ул. Браќа Реџепагиќ бр. 20, без вода ќе останат корисниците од ул. Браќа Реџепагиќ, ул. Халим Халимич, ул. Ферид Заири и дел од Дижонска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 до завршување на интервенцијата.
