Свет

Над 60 луѓе се исчезнати при свлечиште во Непал

12.07.2024 09:17

Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори...

Над 60 луѓе се водат како исчезнати откако два автобуса паднале во река по лизгање на земјиштето во Непал.

Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори. Патот што води до местото на несреќата е блокиран на неколку места поради лизгање на земјиштето.

Во Непал во тек е сезоната на монсуните која носи обилни врнежи.