Конференција „Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“
„Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје...

„Форум Еуропеум 2024: Инструменти за владеење на правото во контекст на пристапувањето во ЕУ“ е насловена конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. Од почетокот на годината, забележан е напредок во процесот на проширување на ЕУ.
Европската комисија препорача отпочнување на пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Покрај тоа, се посочува, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок на нивните соодветни патишта кон пристапување во ЕУ, со отпочнување на преговорите за членство на крајот на јуни 2024 година.
Имајќи го предвид овој комплексен развој на настаните, а во очекување на напредок во иднина, сметаат во ЕПИ, постои итна потреба да се обезбеди континуиран дијалог и комуникација во и помеѓу земјите кандидатки и ЕУ на различни нивоа, а конференцијата во Скопје претставува токму таква прилика.