Економија

Унгарската влада ќе ѝ даде заем на Македонија

12.07.2024 10:04

Заемот ќе биде наменет за развој на економијата и за инвестиции во инфраструктурата, вели премиерот Мицкоски...

Унгарската влада ќе ѝ даде 500 милиони евра на Македонија, со камата од 3,25 насто и рок на враќање од 15 години. Заемот ќе биде наменет за развој на економијата и за инвестиции во инфраструктурата, вели премиерот Мицкоски. Веста за соработка доаѓа по средбата на премиерот Мицкоски и Орбан во Вашингтон.

Стојан Трпчевски известува од Вашингтон