Политика

Мицотакис: Контрапродуктивна тактика од Северна Македонија, договорите мора да се почитуваат

12.07.2024 10:08

Грчкиот премиер Мицотакис пак, вели дека Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање, доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика.

САД ќе работат со двете страни да се одржат придобивките на Преспанскиот договор, велат од Стејт Департментот. Грчкиот премиер Мицотакис пак, вели дека Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање, доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика.

„Сметам дека на еден или на друг начин власта на соседната земја ќе сфати дека оваа тактика е целосно контрапродуктивна. Договорите мора да се почитуваат. Тоа е нешто што го нагласив вчера на пленумот на НАТО и тоа е нешто што мислам дека го разбираат и сите наши сојузници. Ние сакаме Северна Македонија да направи чекори кон европски пристап. Но, за ова предуслов е почитувањето на меѓународното право и почитувањето на договорите што земјата ги има потпишано. Верувам дека на еден или на друг начин, ова е нешто што раководството на Скопје ќе го сфати“, рече Мицотакис.

Премиерите на двете земји, иако учествуваа на исти настани на НАТО Самитот во Вашингтон, сепак не остварија билатерална средба.