Саутгејт: Шпанија ќе биде неверојатно тежок ривал
12.07.2024 11:26
Токму за ова дојдовме. Ќе биде неверојатно тежок натпревар против Шпанија. Ќе се сретнеме со најдобриот тим на Еврото во моментов, изјави селекторот на Англија...
Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги искажа очекувањата за финалето на Евро 2024.
Токму за ова дојдовме. Ќе биде неверојатно тежок натпревар против Шпанија. Ќе се сретнеме со најдобриот тим на Еврото во моментов. Но Англија се уште е тука. Ќе играме со нив по навистина добар полуфинален натпревар. Многу сум среќен за сите, изјави Саутгејт на веб-страницата на УЕФА.
Англија во финалето на Европското фудбалско првенство 2024 ќе игра против Шпанија. Натпреварот ќе се одигра на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.
