Сеќавање - Сребреница

Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

12.07.2024 12:26

Во Собранието одбележан 11 јули – Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница...

29 години од геноцидот во Сребреница. Сè уште свеж во колективната меморија сведочи за илјадници семејства кои останаа без синови, браќа, сестри, мајки. Меѓународниот ден посветен на жртвите во Сребреница е потсетник на нешто што не смее да се повтори, беше посочено во македонското Собрание.

Сребреница е симбол на страдањето, болката и она што еден народ го преживеал. Ние имаме задача сето ова да го пренесеме на идните генерации во различни културни форми и начини“, изјави проф. д-р Џемил Бектовиќ.

29 години подоцна, Сребреница е сè уште предмет на жолчни расправи, негирање, недоразбирање и тема за политички борби и спротивставувања.

Злосторствата и траумите од минатото можат да бидат причина за нова омраза и конфликти, или пак, причина за наше општествено обединување за хуманоста, емпатијата и разбирањето – посочија говорниците.

 

Александра Спировска