МВР

Кривична пријава за поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија

12.07.2024 13:04

Пријавата се однесува за склучување договори за работи за повеќемината „спорни“ вработени во периодот на предизборието како и за тоа што им исплатила плата...

МВР поднесе кривична пријава против поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавата се однесува за склучување договори за работи за повеќемината „спорни“ вработени во периодот на предизборието како и за тоа што им исплатила плата. Во својство на в.д. Организациски директор на јавна здравствена установа – Универзитетска клиника за токсикологија, пречекорувајќи ги своите службени овластувања.

Во период од 14-ти април до 24-ти јуни, а со намера да овозможи противправна имотна корист за 17 лица, на 15-ти мај склучила 15 договори за дело со 15 лица кои биле работно ангажирани на Универзитетската клиника за токсикологија, по што, ретроактивно, за лицата наводно работно ангажирани, за месеците април и мај 2024-та година издала два платни налози и извршила исплата на месечен надомест за наводниот работен ангажман, во вкупен износ од околу 66 илјади денари со вклучен персонален данок на доход.