Кривична пријава за Иљази, Токсикологија ја оштетила за 11.000 евра
Превирањата на Токсикологија ѝ донесоа кривична пријава на организациската директорка, Бесија Иљази. МВР ја сомничи за злупотреба на службената положба зашто при распишани избори и без потпис на вториот директор склучи договори на дело, за кои вработени на клиниката уште пред неколку месеци алармираа дека лицата се незаконски ангажирани...

Полицијата ѝ поднесе кривична пријава на поранешната организациска директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази. МВР ја сомничи дека ја оштетила Клиниката за околу 11.000 евра за хонорари на спорните вработувања. Според МВР, Иљази требало да знае дека се распишани претседателски и парламентарни избори и дека не смее да склучува договори за вработување и договори на дело, но, таа сепак, без потпис на вториот директор склучила 15 договори за дело.
Нема да има повеќе „каубојски вработувања“ - изјави деновиве директорот на Клиниката за токсикологија, Андон Чибишев.
Лицата за кои и лекари од Клиниката со месеци предупредуваа дека незаконски се ангажирани, повеќе не се на Токсикологија. И Државниот здравствен инспекторат констатираше дека биле непрописно ангажирани.
Александра Велинова
