Австралија
Уапсена брачна двојка во Австралија осомничена за шпионажа во корист на Москва
12.07.2024 14:02
Мажот и жената се товарат за кражба на чувствителен материјал од австралиските одбранбени сили за разузнавачките служби на Кремљ...

Австралиската полиција во Бризбејн уапси брачна двојка под сомнение за шпионажа во корист на Москва. Мажот и жената се товарат за кражба на чувствителен материјал од австралиските одбранбени сили за разузнавачките служби на Кремљ.
Приведените се австралиски државјани, со руско потекло и се соочуваат со затворска казна од 15 години. 40-годишната жена неколку години работела како „техничар за информациски системи“ во австралиската армија.
