Балансерот ќе се преточи во закон
Нема отпуштање на административци. Новиот министер најави нивно усовршување и обуки за што ќе се формира Агенција. Балансерот ќе се претвори во законско решение за правична застапеност ...

Балансерот нема да се укине, туку ќе се преточи во Закон за рамномерна застапеност во јавната администрација. Како што кажа министерот Горан Минчев, злоупотребите што се случуваа се главната причина, балансерот повеќе да не постои во формата како досега, туку стручноста да биде пред етничката припадност.
Идејата е да се промени методологијата при вработувањето и определена етничка припадност да не може да се смени за потребата на некој конкурс. За почеток, ќе се користат бројките од последниот попис и калкулацијата ќе се прави врз основа на резидентното население, а не на вкупно попишаното.
Минчев најави дека ќе се формира Агенција за стручно усовршување и обука на административци и никој нема да биде испуштен од работа. Закони за административни службеници и за вработени во јавниот сектор се повлечени од процедура за доработка.
Македонија со години е критикувана од Брисел за нефункционалната администрација.
Борис Грујоски
