ФИЛМ

Хрватска премиера на македонскиот филм „М“ на Пулскиот филмски фестивал

12.07.2024 14:41

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премиера во рамките на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал...

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија ќе ја има хрватската премиера во рамките на официјалната конкуренција за наградите „Златна арена“ на годинешното 71-то издание на Пулскиот филмски фестивал.

Дистописката бајка за загубеното момче во опустошениот свет на нашата блиска иднина, чиј мнозински продуцент е Дарко Попов од „Фокус Покус Филмс“, е реализирана, меѓу другите, во копродукција со хрватската продукција „4Филм“ и Хрватскиот национален аудио-визуелен центар. Филмскиот фестивал во Пула, со мотото „Филм под ѕвездите“, е еден од најстарите и водечките регионални фестивали.

Основан во далечната 1954-та година, овој настан континуирано се одржува до денес, со две откажувања во 90-тите, за време на воените превирања низ регионот. Започнат како смотра на најзначајните домашни остварувања од времињата на поранешна Југославија, во последните декади, програмата Пулскиот фестивал се трансформира и распределува во две натпреварувачки категории – за хрватска продукции и копродукции, како и интернационална селекција.