МВР
Полициски хеликоптер исфрли над 45 тони вода врз пожарот на планината Оргажден
12.07.2024 17:49
Денеска, полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село...

Денеска, полициски хеликоптер учествуваше во гаснењето на пожар на планината Огражден, на територијата на општина Ново Село. Поради тешко пристапниот терен полицискиот хеликоптер префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да почнат со гаснење од земја, а хеликоптерот продолжи да дејствува од воздух.
За време на дејствувањето, хеликоптерот во 30 налети исфрли 45 тони вода и заедно со пожарникарите кои беа на терен се дејствуваше да се спречи еден од краците на пожарот да навлезе во дабова и букова шума.
