Токсикологија

Малолетници пронајдени во безсознание во куќа во Скопје

12.07.2024 19:45

Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тие се пренесени на Клиниката за токсикологија.

 Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје. Тие се пренесени на Клиниката за токсикологија.

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанции. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР. Известува Ирина Гелевска.