Шешељ се враќа за политички земјотрес
Каква ќе биде судбината на Воислав Шешељ? Ќе биде ли пуштен на привремена слобода во Србија и какви последици ќе има неговата политичка активност таму? На барање на Хашкиот трубунал, српската влада донесе одлука за давање гаранции за привремено ослободување на Воислав Шешељ-доколку тој се обврзе да ги почитува условите кои Хаг ќе му ги одреди!

Воислав Шешељ веќе најави дека нема да го почитува условот што му го даде Трибуналот да биде во куќен притвор. Од Хаг порача дека сака слободно да учествува во политичкиот живот. Во Србија веќе се раздвижија радикалите, кои на митинзите најавија дека престои политички земјотрес против власта!
Тома Фила, со адвокатска пракса во Трибуналот, го споредува случајот со оној на Харадинај, кому за разлика од Шешељ му беше дозволена политичка активност.
„Неговото влијание во политиката-неможе да биде многу важно. Радикалите беа и поминаа. Во овој момент, по Бриселскиот споразум, не гледам како би можел тој да направи нешто на национална основа, што не успеа Коштуница со ДСС. Јас мислам дека неговата појава овде нема да има толкаво влијание како што народот се плаши“, вели Тома Фила, адвокат од белград.
Според Фила, доколку Шешељ не ги почитува хашките услови, Србија ќе мора да го уапси. Белград никогаш нема да прифати, тој да го замени Шевенинген со белградски затвор-заклучува Фила.
По давањето на владините гаранции, Шешељ денес постави нови услови. Тој побара од Хаг да му се исплати оштета од 12 милиони евра, поради неоснованиот притвор.
Оливер Бранковиќ
