Топлотен бран
Македонија во портокалова фаза, температури над 40 степени
13.07.2024 09:03
Во сила се владините препораки – од работа се ослободени бремените жени и лицата над 60 години...

Македонија во портокалова фаза. До средината на идната недела се прогнозираат температури што ќе го надминат 40-от степен. На највисоко ниво е и УВ зрачењето, поради што се препорачува да не се излегува на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот.
Во сила се и владините препораки – од работа се ослободени бремените жени и лицата над 60 години.
Итната медицинска помош со апел до хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија и да не се изложуваат на сонце.
