Армиски хеликоптер го гаси пожарот на Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“
Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

Борба со огнените стихии во земјава. Во гаснењето на огнот кај планината Серта се вклучува и еден армиски и еден полициски хеликоптер, информираат од ЦУК. Противпожарните екипи кои гаснат од земја засилување добиваат и два „ер трактори“. Претходно, Владата со договор на дело, од пензија врати двајца пилоти да ги управуваат „ер тракторите“.
Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.
Ова општинско тело, формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР.
Пожарот на неготинска територија избувна во средата околу 10.30 часот.
