Растат тензиите во Јужен Либан

Израел и Хезболах секојдневно разменуваат прекуграничен оган

13.07.2024 09:47

Израел продолжува со гранатирања на позиции во Јужен Либан. Возвраќа и Хезболах од каде што велат дека напаѓаат во знак на солидарност со Хамас и бараат прекин на огнот во Газа.

Хезболах и израелските одбранбени сили речиси секојдневно разменуваат прекуграничен оган откако избувна војната меѓу Израел и Хамас во минатата година. Израел продолжува со гранатирања на позиции во Јужен Либан. Возвраќа и Хезболах од каде што велат дека напаѓаат во знак на солидарност со Хамас и бараат прекин на огнот во Газа.

Додека тензиите продолжуваат да зовриваат во Јужен Либан, дипломатите се обидуваат да ја деескалираат ситуацијата, стравувајќи дека војната во Либан може да стане регионална и да доведе до можна директна воена конфронтација на Иран.