АМСМ

На „Табановце“ зголемена фреквенција за влез и излез од државата

13.07.2024 10:02

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози...

Зголемена фреквенција за влез и излез од државата има на граничниот премин „Табановце“. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.