Свет
Се урна училишна зграда за време на настава во Нигерија, најмлаку 22 загинати
13.07.2024 10:23
Најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето. Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми...

Дестици загинати и стотици повредени откако се урна училишна зграда за време на наставата во државата плато во централна Нигерија.
Најголем дел од жртвите се ученици и вработени во училиштето. Се стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми, бидејќи во урнатиот дел од зградата се заробени околу 200 ученици.
Спасувачки екипи бараат преживеани во урнатините. Двокатната зграда се урна ден по поројниот дожд што ја зафати централна Нигерија. Почната е истрага за причините за уривањето.
