Македонија

Здравата храна и будноста за антибиотици во сточарството се приоритет

14.07.2024 15:19

Будноста за здрава храна и контролата на употребата на антибиотици во сточарското и живинарското производство се приоритет на државата. И на потрошувачите кои мора да читаат, прво, декларации…

Поголема контрола од државата, а купувачите детално да ги читаат декларациите кога станува збор за здрава храна од животинско, домашно, или увозно потекло. Отсекогаш сточарите користат антибиотици за животните, но тоа треба да се контролира, анализираат ветеринарните лекари.

Граѓаните се скептични и не веруваат во здравата храна што им се нуди. Признаваат дека не секогаш се проучуваат декларациите.

Семинари, работилници, поголема грижа и контрола од државата се препораките за да се избере здрава храна, кога станува збор за сточарското и живинарското производство. Будноста за здравата храна е приоритет.

Контролите на Агенцијата за храна и ветеринарство се дел од решавањето на проблемот. И купувачите мора да бидат крајно будни при купувањето месо и живинарски производи.

Елизабета Митреска