Македонија

Куманово нема решение за кабаст отпад

13.07.2024 11:46

Несовесноста на граѓаните продолжува. Кабаст отпад се депонира на различни локации во Куманово. Некогаш на улици или пак во речното корито. Решение засега нема…

Фотелји, кревети, гарнитури на јавни површини, но и во речното корито на Кумановка. Несовесни граѓани продолжуваат да депонираат кабаст отпад во кај што ќе стигнат. Апелите на надлежните и еколошките здруженија засега не даваат резултати.

Често се случува ваков вид отпад да заврши и во речното корито. Кумановци, еколошките здруженија реагираат ваквата појава да запре и да не се загадува животната средина.

Граѓаните согласни се создава грда слика во градот. Но некои и со забелешки нема одредено место за ваков отпад.

„Нема во Куманово определено место каде работите од домаќинствата ќе се однесат, мора покрај контејнерите“, вели еден кумановец.

„Целосно е до нашата совест, не сме културни“, додава една кумановка.

„Некогаш и овие кои работат во Чистота не доаѓаат навреме, но има и луѓе со автомобили што фрлаат, треба граѓаните да фрлаат каде што треба“, истакна еден граѓанин.

Од комуналното претпријатие реагираат дека ваквото одлагање на сметот прави дополнителни трошоци. При изнесувањето, велат може да се оштетат и работните машини. Реагираат и дека услугата треба да се наплаќа. Од друга страна мал е интересот за акциите кога организираат бесплатно изнесување кабаст отпад.

„Ако ви речеме во некои проектирани бројки од целокупниот кабаст отпад кој се појавува во текот на целата година дали и пет проценти го изнесуваат граѓаните, на тие акции кои ги најавуваме и правиме, само докажува дека нема дисциплинираност во тој дел“, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“-Куманово, Ненад Стојановски.

Од претпријатието деновиве повторно ќе организираат акција за изнесување на ваквиот смет.

Елена Георгиевска