Македонија

Четворицата тинејџери во стабилна состојба, уапсено е 40-годишно лице

13.07.2024 13:20

Стабилна состојбата на четворицата малолетници. Кај нив е регистрирано присуство на психотропни супстанции. Уапсено е 40-годишно лица поврзано со случајот...

Уапсено е 40-годишно лица поврзано со случајот со малолетниците кои во бессознание завршија на Токсикологија. Стабилна состојбата на четворицата малолетници. Кај нив е регистрирано присуство на психотропни супстанции.

Според информациите од МВР, сè почнало со пријавата дека 40-годишниот Д.Ѓ. од Скопје бил физички нападнат од малолетник во дворот од неговата куќа. Веднаш по пријавата полицијата дошла и ги затекнала четворицата малолетници, од кои двајца биле во бессознание и консумирале алкохол и психотропни супстанции.

Малолетниците со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија, а јавен обвинител излегол на местото на настанот. Полицијата потоа го привела 40-годишниот Д. Ѓ.

За овој случај известува Наташа Јанчиќ-Менковски