Груевски и Заев ќе се сретнат на Суд по летните одмори

03.07.2014 19:08

На први и втори септември ќе се одржи првото рочиште во судскиот спор во кој што премиерот Никола Грувески за клевета го тужи лидерот на СДСМ, Зоран Заев...

На суд Грувески и Заев ќе се сретнат по летните одмори. На први и втори септември ќе се одржи првото рочиште во судскиот спор во кој што премиерот Никола Грувески за клевета го тужи лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Пет часа денеска нивните адвокати ги спротивставува мислењата за доказите и сведоците. Судот прифати да сведочи Јовица Стефановиќ – Нини, а го одби Ден Дончев како сведок.
Како доказ не е прифатена ниту аудио снимката на која наводно Грувески и уште едно лице разговаат за продажба на Македонска банка.

Според судот сниmката е направена без налог на државен истражен орган и затоа не може да се користи како доказен матерјал.