Македонија под вршник, високите температури причина и за сè почесто труење со храна
Македонија живее во портокалова фаза. Живата во термометарот ќе го надмине 40-от степен. Високо е и УВ зрачењето. Препораките од владата и натаму се во сила. Лекарите со апел – да не се излегува на отворено во критичниот период од 10 до 17 часот. Да се внимава со храната која на овие температури е леснорасиплива…

Земјава под вршник. Метрополата живее на речиси 42 степени. Високите температури причина и за сè почесто труење со храна. Граѓаните велат дека внимаваат што консумираат и од каде ја купуваат. Лекарите велат-ординациите се полнат со пациенти кои добиле труење од храна.
Од УХМР велат дека вакви температури се карактеристични за овој период од годината.
Лекарите апелираат да се внесуваат повеќе течности, да се носи светла облека и да се консумира лесна храна, да не се излегува од 11 до 17 часот. Особено да внимаваат хронично болните и редовно да ја земаат својата терапија.
Високите температури во земјава ќе се задржат во текот на целата недела и ќе достигнуваат и над 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека разладување се очекува од наредниот петок, односно следниот викенд.
Ана Јосифоска-Тодоровска
