Македонија

Бебе оставено во центарот на Велес, случаен минувач го однел в болница

13.07.2024 16:04

По кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, соопштија од СВР Велес.

Вчера во попладневните часови на Одделот за педијатрија и неонатологија во велешката болница било донесено доенче на 7-месечна возраст во тешка здравствена состојба, кое било пронајдено од случаен минувач во центарот на градот. 

Синоќа во 17.40 часот во СВР Велес, од болница во градот било пријавено дека од страна на случаен минувач, кај нив било донесено бебе, кое било оставено во велешкото централно градско подрачје. Извршен бил разговор со докторка од болницата, која рекла дека бебето било во тешка здравствена состојба и дополнително се чекаат резултати од здравствено испитување. Според докторката, по кратко време во болницата дошла С.К., на околу 20-годишна возраст и се претставила дека била мајка на бебето, но, потоа ја напуштила болницата, соопштија од СВР Велес.

Од болницата велат дека во моментов работат на подобрување на неговата општа здравствена состојба.