Македонија

Полициски хеликоптер го гаси пожарот кај селата Драгоево и Селце, досега исфрлени над 15 тони вода

13.07.2024 15:49

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода...

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици  дејствуваше врз пожар што избувна на планината Серта меѓу штипските села Драгоево и Селце.

При дејствувањето во 10 налета, исфрлени се над 15 тони вода. Пожарот сè уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење, информираат од МВР.