Пожарот кај Криволак се разгоре, општина Неготино бара помош од Армијата
Општина Неготино бара помош од Армијата со учество на војската во локализирањето на пожарот кај Пепелиште, откако тој попладнево се разгоре. На терен се преку стотина луѓе со десетина цистерни. Го гаснат трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување и еден армиски хеликоптер …
Пожарот кај неготинско Пепелиште кој е актуелен трети ден, попладнево се разгори. Тој е со два крака едниот води кон Штип а вториот кон селото Калањево. На терен се бројни против пожарни екипи од Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Гевгелија, доброволци, планинари, ловџии, преку стотина луѓе. Кризниот штаб на Општина Неготино побара од Министерството за одбрана вклучување на војници во гаснењето на огнот.
Од претпладнево во гаснење на пожарот кај Криволак, учествуваат трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на Министерството за одбрана. Има и десетина возила со цистерни. Кризниот штаб на општина Неготино ги замолува за помош граѓаните и фирмите кои се сопственици на багери, булдожери и моторни пили и знаат да управуваат со истите, да се вклучат во гаснењето на пожарот.
Денес во Македонија се активни пет пожари а освен овој во неготинско, кај Криволак, има уште еден голем, на планината Огражден, кој се гаси со хеликоптер на МВР.
Петар Печков
