57 нови проекти во земјоделството

04.07.2014 10:29

Во земјоделството треба да се реализираат 57 нови проекти. Се работи за директни инвестиции насочени кон развојот на македонското производство на храна...

Ќе се реализираат нови 57 проекти, за развој и подобрување на состојбите во македонскиот аграр. Се работи за капитални и инфаструктурни проекти, финансиска поддршка и образование, за безбедноста на храната и квалитетот на земјоделските производи.

До 2016-та година, се предвиени 195 проекти во 73 рурални општини кои ќе добијат нови улици,  патишта, плоштади, водоводни и канализациски мрежи.

Од Програмата за рурален развој, се достапни скоро 1 милијарда и 800 милиони денари, и  за модернизација на земјоделските стопанства и енергетска ефикасност во висина од 50 проценти од инвестицијата.

Предвидена е финансиска поддршка и  за продавници на органска храна во поголемите потрошувачки центри и за промоција на странските пазари.

 

Методија Трајков