Обид за атентат

Трамп ранет за време на предизборен митинг во Пенсилванија

14.07.2024 09:00

Атентаторот стрелал од пушка, најверојатно од покривот на зграда која се наоѓала спроти бината на која говорел Трамп. Осомничениот напаѓач е лоциран и ликвидиран од припадници на тајната служба кои се грижат за безбедноста на поранешниот претседател.

Атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Тој е ранет за време на предизборен митинг во Пенсилванија. Атентаторот стрелал од пушка, најверојатно од покривот на зграда која се наоѓала спроти бината на која говорел Трамп. Осомничениот напаѓач е лоциран и ликвидиран од припадници на тајната служба кои се грижат за безбедноста на поранешниот претседател.

По укажаната медицинска помош Трамп се чувствува добро и најави дека ќе продолжи со планитраните активности во кампањата. При атентатот едно лице кое учествувало на предизборниот митин загина, а неколкумина се ранети. 

Засега не се познати мотивите на атентаторот, а не се обелоденува ниту дали дејствувал сам.

Осуда за нападот врз Трамп стигна и од актуелниот претседател Бјден.

„Не смееме да дозволиме ова да се случува, има и многу други луѓе повредени во публиката. Митигнот требаше да се спроведе мирно без никакви проблеми. Мислата дека има политичко насилство или насилство во Америка како ова е едноставно нечуено. Тоа едноставно не е соодветно. И сите, сите мора да го осудат. Сите“, нагласи претседателот Бајден.

 

Фото: АП