Владата донесе одлука за кризна состојба поради пожарите во траење од 30 дена
Владата упатува и предлог до претседателката Сиљановска Давкова да дозволи учество на дел од припадниците на Армијата и армиските капацитети да се вклучат во справувањето со пожарите.

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба поради состојбата со пожарите и топлотниот бран што ја зафати земјата. Министерството за внатрешни се задолжува да ангажира полициски сили за поддршка во гаснењето на пожарите.
Здравствениот персонал од општа и медицината на труд се задолжуваат да бидат во состојба на приправност додека трае кризната состојба. Министерството за финансии се задолжува да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа има потреба.
Владата упатува и предлог до претседателката Сиљановска Давкова да дозволи учество на дел од припадниците на Армијата и армиските капацитети да се вклучат во справувањето со пожарите.
Од Центарот за управување на кризи соопштуваат дека во моментов има повеќе пожари на отворено. Поради огнената стихија на планината Серта затворен е регионалниот пат Штип-Неготино.
