Македонија

ЦУК: Активни седум пожари

14.07.2024 09:55

Покрај пожарот на планината Серта, активни се и пожарите над селото Бадилен, во месноста Шамок во општина Ново Село, межу селата селата Негорци и Кованец во општина Гевгелија, меѓу селата Горни и Долни Липовиќ во општина Конче...

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни седум пожари. По прогласување на кризна состојба во траење од 30 дена од страна на Владата по барање на Кризниот штаб на Неготино од рано утринава пожарот во неготинско се гаси од земја и од воздух.

Покрај пожарот на планината Серта, активни се и пожарите над селото Бадилен, во месноста Шамок во општина Ново Село, межу селата селата Негорци и Кованец во општина Гевгелија, меѓу селата Горни и Долни Липовиќ во општина Конче, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште во општина Чашка, над селото Црнилиште во општина Долнени и меѓу селата Драгоево и Селце во општина Штип.

Синоќа поради пожарот на планината Серта затворен за сообраќај беше регионалниот пат Штип-Неготино, кој од утринава е повторно отворен.

Од Владата упатија и апел до граѓаните за внимателност при движење во шумите и областите зафатени со пожари. Податоците што вчера ги објави ЦУК говорат дека само за 12 дена во јули имало вкупно 173  пожари на отворен простор од пошироки размери.