АМСМ

На „Табановце“ за влез се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез 15 минути

14.07.2024 10:17

Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила.

На граничниот премин „Табановце“ за влез во земјава се чека околу 30 минути, а на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава околу 15 минути, информира утринава Авто мото сојузот на Македонија.

Чекањето, како што информира АМСМ, е поради зголемена фреквенција на возила.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.