Девет лица со симптоми на труење хоспитализирани во Гостивар
Пациентите синоќа со итна помош биле префрлени в болница откако се пожалиле на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По напрвените анализи на крвта и соодветната терапија се пуштени на домашно лекување.

Девет лица со симптоми на труење со храна се згрижени на Инфективната клиника во Гостивар. По соодветната терапија сите се пуштени на домашно лекување, без потешки симптоми.
Пациентите синоќа со итна помош биле префрлени в болница откако се пожалиле на повраќање, дијареја и изнемоштеност. По напрвените анализи на крвта и соодветната терапија се пуштени на домашно лекување.
Според првичните информации лицата се затруле со храна од еден угостителски објект. Епидемиолошката служба на Центарот за здравје ги презела сите мерки, земени се примероци за анализа, по што ќе бидат познати причините и дали станува збор за бактериолошка инфекција.
