Како да ги заштитиме младите?

Најдете време за своите деца, советуваат психолозите по случајот со малолетниците

14.07.2024 13:00

Случајот со малолетниците кои во бессознание поради консумирање медикаменти беа однесени на Токсикологија ја шокираше јавноста. Како да се превенира и како да се заштитат младите од ова злото? Психолозите советуваат – треба да најдеме време за нашите деца, доколку не се случи тоа, тие својата припадност ќе ја бараат надвор од домот …

На родителите им е тешко треба да заработат пари, да обезбедат подобар живот на децата и тоа не ја намалува нашата одговорност да создадеме врска со нашите деца, велат психолозите. Родителите се должни да се грижат за своите деца без да ги потсетуваат дека тие прават се за нив.

Родителите не треба да посегнуваат по казни, бидејќи тие го менуваат однесувањето, но не за да бидат подобри, туку подобро да го скријат делото. Детето не треба да го воспитуваме кога ќе направи беља. Во ситните грешки, треба да видат дека некој ги сака, ги разбира и дека е на нивна страна. Родителите немаат завршено училиште за родителство, но психологот Стојановска – Јованоска има многу лесна лекција.

Вели родителството е тежок и сложен процес, родителот треба да му помогне на детето лесно и безболно да го мине животот.

Наташа Јанчиќ-Менковски