МВР
Полициски хеликоптер исфрли над 38 тони вода врз пожарот на планината Серта
14.07.2024 16:20
Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода. Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево...

Денеска полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици продолжи да дејствува врз пожар што е сè уште активен на планината Серта.
Хеликоптерот во 25 налети исфрли над 38 тони вода. Во раните утрински часови се дејствуваше на кракот од пожарот што се наближуваше кон селото Калањево и откако истиот беше ставен под контрола се продолжи да се дејствува на преостанатите краци од пожарот, соопштуваат од МВР.
