Започнува четвртфиналната рудна на Мундијалот
Во терминот од 18 часот играат Франција-Германија, а во вечерниот термин, во 22 часот се среќаваат домаќинот Бразил и Колумбија...

По два дена пауза, и подготовки за следната рунда натпреварување на 20-тото Светско првенство во фудбал во Бразил, денеска се двата четвртфинални меча.
Во терминот од 18 часот играат Франција-Германија, а во вечерниот термин, во 22 часот се среќаваат домаќинот Бразил и Колумбија.
Сигурно дека домаќинот на Мундијалот, Бразил ќе ја има поддршката од трибините, но Колумбија е една од двете селекции на првенството која на сите четири средби славеше победа, без притоа да игра продолженија или да изведува пенали.
В сабота, пак, силите на зелениот терен ќе ги одмерат Аргентина и Белгија, и Холандија и Костарика, која важи за најпријатно изненадување на првенството.
Фудбалерите од Коста Рика веќе ја испиша историјата за својата земја, а ќе можат ли да вметнат уште едно поглавје останува да се види по натпреварот кој ќе се игра во Фортеза.
Полуфиналните дуели се на 8 јули, мечот за третото место се игра на 12-ти, а големото финале е в недела на 13-ти јули.
