Активни повеќе пожари низ земјава, и натаму критично на планината Серта
Во земјава беснеат неколку активни пожари, но поради ширење на огнените јазли на тешко пристапните планински терени, Владата прогласи вонредна состојба. Сè уште критично е на планината Серта …
Во моментов активни се повеќе пожари на отворено. Владата доцна синоќа на седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во времетраење од 30 дена на територија на целата држава. Во гаснењето вклучени се 100 војници и 30 полицајци, како и полициски хеликоптер и два армиски хеликоптери.
На местото каде се пожарите беа и министрите за одбрана и за внатрешни и градоначалниците на Неготино и Кавадарци а со сите капацитети се вклучени и локалните заедници. Градоначалникот на Неготино вели дека засега не се зафатени викендички.
Владата со апел до граѓаните за внимателност при движењето во шуми и шумските појаси и областите зафатени со пожари.
Инаку топлотниот бран во земјава продолжува. Температурите се над 40 степени. Намалување на температурите се очекува до крајот на неделата.
Ана Јосифоска-Тодоровска
