Почина Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс“

14.07.2024 19:15

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун.

Шенон Доерти, ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, почина по долгогодишна борба со ракот на дојката. Таа имаше 53 години.

„Со тешко срце ја потврдувам смртта на актерката Шенон Доерти. Во саботата, на 13 јули, таа ја загуби битката со ракот по долги години борба со болеста“, рече публицистот на Доерти, Лесли Слоун.

На Доерти ѝ беше дијагностициран рак на дојка во февруари 2015 година, а во 2017 година објави дека е во ремисија. Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија. Една година подоцна, болеста повторно беше во ремисија, но веќе во 2019 година, Шенон дозна дека ракот се вратил, се проширил и дека е во четврта фаза. Таа продолжи да работи и не се откажа. Во јуни 2023 година, таа објави дека ракот се проширил на нејзиниот мозок и дека повторно прима зрачење.

Родена е на 12 април 1971 година во Мемфис, а со глума почнала да се занимава уште како дете. Таа играше во Little House on the Prairie, Girls Just Want to Have Fun, Our House, Heathers, Charmed и во Fortress, која беше нејзината последна главна улога. Таа се прослави со улогата на Бренда Волш во мегапопуларната серија од деведесеттие „Беверли Хилс“, каде глумеше четири сезони.