Временска прогноза

Сончево и многу топло време

15.07.2024 08:26

Максималната температура ќе достигне и до 43 степени, а УВ индексот ќе биде 10...

Во Македонија денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Максималната температура ќе достигне и до 43 степени, а УВ индексот ќе биде 10.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува 40 поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.