Македонија ќе добие помош од неколку држави за гасење на пожарите
Премиерот Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора за справување со пожарите...

Премиерот Мицкоски на својата официјална Фејсбук страница најави дека наскоро пристигнува помош од Словенија, Србија, Турција и Црна Гора за справување со пожарите. Се бориме против огнените стихии поради топлотниот бран.
Интензивно сме во комуникација со повеќе пријателски држави од кои побаравме помош во рамките на нивните можности за гасење на пожарите. Тој потсети дека министрите за одбрана, МВР, надворешни работи и трговија, како и директорот на ЦУК, се во интензивна комуникација со нивните колеги од овие држави.
За само неколку дена по повеќегодишно запоставување и негрижа и затекната состојба на приземјени летала без пилоти, оспособиме летала кои се приклучија во гасење на пожарите и соодветен кадар. Се приклучи армијата и полицијата. Сега обезбедуваме и поддршка од пријателите. Нема да седиме со скрстени раце и ќе направиме сè што е во наша моќ и надлежност да се справиме со состојбите, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.
