САД

Бајден: Нема место за политичко насилство

15.07.2024 08:43

По обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп и кандидат на Републиканците за реизбор за шеф на Белата Куќа, од Тајната служба уверуваат дека имаат безбедносни планови ...

По обидот за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп и кандидат на Републиканците за реизбор за шеф на Белата Куќа, од Тајната служба уверуваат дека имаат безбедносни планови за Републиканската национална конвенција во Милвоки.

„Ова е национален, специјален безбедносен настан. Тоа е највисокото ниво со безбедносна ознака што може да го одреди федералната влада. Ние сме уверени во овие безбедносни планови што се во сила. Работевме заедно 18 месеци за да развиеме оперативни безбедносни планови за кој било и сите аспекти на безбедноста поврзани со овој настан“, изјави Одри Гибсон-Кичино, координатор на RNC за тајната служба.

Американскиот претседател Џо Бајден побара Американците да ја намалат политичката температура и политиката да не се претвори во бојно поле.

„Пукањето кон Трамп не повикува сите да направиме чекор назад. Не можеме да дозволиме ова насилство да се нормализира. Политичката реторика во оваа земја стана многу вжештена. Време е да се смири“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.

Трамп беше застрелан во десното уво за време на предизборен митинг во Пенсилванија. По нападот, ликвидиран е 20 годишник.