Градинките во Велес без простор

04.07.2014 11:29

Бројот на деца згрижени во градинки расте, а простор се помалку. Со овој проблем се судираат родителите од велес. Градинки има доволно, но одамна ниту една не претрпела реконструкција или проширување на капацитетот. Од Општината бараат начин за решавање на проблемот...

Основните училишта во Велес, тешко да обезбедат доволен број  деца, а градинката „Димче Мирчев“ пак на мака како да обезбеди доволно простор. Според нормативите во шесте клона, оптималниот број на згрижени деца нетреба да надминува 900.

Бројот на деца кои се згрижени во детската градинка Димче Мирчев постојано расте. Во 2011-та тој броел 700, денес бројот на деца згрижени во оваа установа е 1.100.

Според надлежните, за ваквата состојба клучни се неколку фактори.

„Тоа се должи на високиот квалитет и професионалноста на услугата која ја дава нашата установа, потоа се поголемиот процент на запосленост на родителите и потребата од услугата, подобриот квалитет на сместувачките услови и популарната цена“, вели Анида Цецева, директор  на ОЈУДГ Димче Мирчев – Велес.

Во развојот на детето како посебна индивидуа, експертите велат, најзначаен е периодот на раниот детски развој. За дел од родителите токму овоа е пресудно во одлуката  дали за нивните деца ќе се грижат бабите или пак лиценцирани воспитувачки.

„Чуствувам дека моето дете е социјализирано, слободно комуницира, лесно се снаоѓа во непосредната околина и знам дека нема да има проблеми во процесот на прилагодување во новата средина како прваче“, рече  Билјана Коцевска- Трипуновска , родител.

Просторниот проблем кој го има детската градинка во Велес, познат за локалната самоуправа. Од таму велат се разгледуваат сите можности за надминување на истиот, дури се размислува решението да се бара преку  јавно- приватно партнерство.

 

Дијана Иванова