Комисија ќе го расчистува случајот со бебето за кое семејството тврди дека било повредено
Kомисија од клиниката за детски болести ќе го расчистува случајот со тримесечното бебе од Сарај. Семејството обвинува дека било повредено од здравствен работник на Одделот за имунологија ...

Kомисија од клиниката за детски болести ќе го расчистува случајот со тримесечното бебе од Сарај. Семејството обвинува дека било повредено од здравствен работник на Одделот за имунологија. Медицинската сестра треба да ја каже и својата страна на приказната, која предизвика бурни реакции во јавноста, со објавување снимки од доенчето кое има модринки по раката.
Помош и поддршка сестрата доби и од Синдикатот на Клинички центар, чиј член е. Посочуваат дека не смее да се обвинува никој пред да се докаже вина. Нема да дозволат да се гази достоинството на македонските здравствени работници, велат од Синдикатот.
Со обелоденување на случајот, истиот ден министерот за здравство и директорот на Детската клиника го посетија семејството. Таравари рече дека ако има вистина во обвинувањата, ќе има и санкции.
