Токсикологија

Четворицата малолетници кои во бессознание беа примени на Клиниката за токсикологија, се стабилни

15.07.2024 09:03

Стабилни се сите клинички и лабораториски параметри на четворицата малолетници кои во бессознание беа примени на Клиниката за токсикологија ...

Стабилни се сите клинички и лабораториски параметри на четворицата малолетници кои во бессознание беа примени на Клиниката за токсикологија. По утринската визита, во текот на денот ќе се одлучи дали ќе бидат пуштени дома, вели директорот Чибишев.

Судот му одреди мерка притвор од 30 дена на 40-годишниот скопјанец, осомничен за инцидентот со четирите малолетници кои беа пронајдени во неговата куќа во бессознание, алкохолизирана состојба и под дејство на психотропни супстанции.

Претходно, Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за сторени кривични дела: „тешки дела против здравјето“, „производство и тргување со штетни лековити средства“ и „опасно изложување“.