Генерал-потполковник Ѓурчиновски во официјална посета на Турција
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска ќе престојува во неколкудневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција...

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска ќе престојува во неколкудневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.
За време на посетата во генералштабот на Турските ВС и министерството за одбрана во Анкара, генералот Ѓурчиновски е предвидено да оствари средби со началникот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана Јашар Ѓулер.
Како што стои во соопштението на Генералштаб, во текот на престојот во Турција, делегацијата на Армијата ќе посети команди и единици на турските ВС, меѓу кои и командата за специјални операции на Турските ВС, каде помеѓу останатото ќе бидат разгледани капацитетите за обука на специјалните единици.
