Македонија

Мицкоски денеска во теренска посета на Општина Охрид

15.07.2024 09:16

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на теренска посета на Општина Охрид каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти...

Денеска, во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на теренска посета на Општина Охрид каде ќе изврши увид во градба на постоечки и ќе го одбележи почетокот на градба на повеќе други проекти.

Премиерот Мицкоски во 12:00 часот ќе присуствува на камен темелник на спортска сала во село Лескоец, Општина Охрид. Со ова после 30 години, во склоп на ОУ „Ванчо Николески“ започнува изградба на спортска сала со обем од 592 м2, а во себе ќе вклучува повеќенаменско спортско игралиште.

Во 12:40 часот, премиерот Мицкоски ќе присуствува на увид во градежни активности при реконструкција на ул. 7-ми Ноември, (влез Битола). Овој проект опфаќа реконструкција на коловозните и тротоарски површини, изградба на нова велосипедска патека, изградба на атмосферска канализација во должина од 700 метри. Вкупната вкупна вредност е над 43 милиони денари.

Во 13:00 часот премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на детско повеќенаменско спортско игралиште во населба Видобишта.

Премиерот Мицкоски во 13:20 часот ќе изврши увид на состојбата на затворениот базен во Општина Охрид.