МВР
Верижен судир на четири возила кај скопската Железничка станица
15.07.2024 09:24
Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата...

Четири возила утрово се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдија информацијата.
– Изутринава во осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила. Во моментов се врши увид, нема пријавено повредени лица, појаснија од МВР.
