Македонски војници ќе ја обезбедуваат главната команда на силите на ИСАФ во Кабул
Уште една група македонски војници заминуваат за Кабул и ќе бидат дел од батаљонот на Обединетото Кралство. Тие велат дека достојно ќе ја претставуваат Македонија во мисијата ИСАФ 2...
Гоце Јанакиески е еден од групата војници на АРМ кој ќе служи во редовите на Мисијата ИСАФ 2 во наредните 6 месеци, професионално извршувајќи ги воедните задачи.
„Подготвени сме да одговориме на сите предизвици и професионално да ги извршиме сите задачи кои се бараат од нас“, вели Јанакиески.
Чест и сила е мотото на Скорпиите, а тоа беше преизвик за Николина Петрески да се најде рамо до рамо со своите другари на пат за Кабул.
„Со нашето учество во мисијта ќе покажеме дека Армијата на Република Македонија е секаде присутна каде што се спроведува мирот и стабилноста“, вели Петрески.
Македонските Скорпии ќе бидат дел од воениот баталјон на Армијата на Обединетото Кралство, каде што ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул. За таа цел војниците поминаа специјална обука за целосно извршување на задачите.
„Ветуваме дека одговорно ќе се носиме со сите задачи под завесата на нашето знаме и достојно ќе ја претсавиме Република Македонија во мисијта на ИСАФ“, рече Командантот на контингентот, потполковник, Али Хајро.
Дванаесет години, Македонија успешно учествува во оваа мисија и горди сме со сите досегашни учества во оваа мисија, со војници што досега учествуваа и оние кои што сега ќе учествуваат, рече министерот за одбрана Зоран Јолевски на денешната свеченост .
„Со тоа покажавме дека АРМ заслужува да биде дел од НАТО Алијансата и дека нашата армија и нашата држава е спремна целосно да ги преземе одговорностите за членство во НАТО“, изјави министерот Јолевски.
Припадниците на првата механизирана пешадиска бригада се дел од контингентот на седумнаесеттата ротација на мировната мисија ИСАФ.
Габриела Димковиќ
